Странските инвестиции паднаа на 44 милиони евра

Bez autora
Dec 02 2012

Странските инвестиции како да испарија. И оние малку што влегоа во првите неколку месеци од годинава, се стопија. Поради одлевање на средства од странските компании што веќе работат во земјава, во првите девет месеци нивото на странски инвестиции изнесува само 44,2 милиони евра. Од табелата може да се види дека во септември се случило едно од најголемите повлекувања годинава, или 31,9 милиони евра. Од нив, 24,7 милиони евра отпаѓаат на добивка, 15 на побарувања и 7,9 милиони евра се обврски на фирмите ќерки кон матичните компании. Слично повлекување имаше и во август, тогаш се одлеаја 21,3 милиони евра, и во април, 38,6 милиони евра. Ако се земат вкупните бројки за деветте месеци од годинава излегува дека во земјава влегле 136 милиони евра, а излегле 91 милион евра, останале само 44,2 милиони евра. Лани во истиот период влегле речиси 200 милиони евра инвестиции.

Странските инвестиции паднаа на 44 милиони евраСтранските инвестиции како да испарија. И оние малку што влегоа во првите неколку месеци од годинава, се стопија.

Поради одлевање на средства од странските компании што веќе работат во земјава, во првите девет месеци нивото на странски инвестиции изнесува само 44,2 милиони евра. Оваа загрижувачка бројка вчера ја објави Народна банка на Македонија.

Од табелата може да се види дека во септември се случило едно од најголемите повлекувања годинава, или 31,9 милиони евра. Од нив, 24,7 милиони евра отпаѓаат на добивка, 15 на побарувања и 7,9 милиони евра се обврски на фирмите ќерки кон матичните компании.

Слично повлекување имаше и во август, тогаш се одлеаја 21,3 милиони евра, и во април, 38,6 милиони евра.

Ако се земат вкупните бројки за деветте месеци од годинава излегува дека во земјава влегле 136 милиони евра, а излегле 91 милион евра, останале само 44,2 милиони евра.

Лани во истиот период влегле речиси 200 милиони евра инвестиции.

Пред само еден месец за овој проблем со одлевањето на капитал проговори гувернерот Димитар Богов. Првите бројки што ги обелодени НБМ беа дека грчки компании што работат во Македонија префрлиле околу 70 милиони евра во својата матична земја.

НБМ не откри имиња, ни по кој основ биле изнесени парите, ама затоа во медиумите излегоа информации и за конкретни грчки компании, како „Веро“, „Окта“, Пиварница „Скопје“ и за банки, кои со помош на кредити го овозможиле одливот на средства.

Потоа и министерот за финансии Зоран Ставрески го лоцираше проблемот кај грчки компании, бидејќи истакна дека не е регистриран друг одлив на капитал од странски фирми кои работат во земјава.

Тој ги предупреди банките дека треба да се заштитат при давањето кредити на странските фирми кои потекнуваат од земји со лош бонитет, како што е Грција.

Експертите сметаат дека државата не треба да седи со скрстени раце и дека со соодветно контролирање на банките и заострување на критериумите може барем да спречи одлив на позначаен капитал. Домашните аналитичари ги предупредуваат и банките дека треба да бидат внимателни.

Опозицијата, пак, вели дека бројката на странски инвестиции е ниска и таа се коментира самата по себе. Потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски смета дека треба да се погледне суштински на проблемот со привлекувањето на инвеститорите, затоа што е очигледно дека нив повеќе ги има во соседните земји, а во многу помал процент кај нас. „Немаме стратегија со која ќе се прецизира точно со што и од каде можеме да привлечеме инвеститори. Не е доволно да се пратат промотори во странство и да се организираат роуд шоуа, без точно таргетирани компании и без да се издвојат нашите предности. На странските компании не им е доволно ако се ниски даноците и ако е евтина работната сила, што се потврдува со тоа што бројот на странските инвестиции во соседството е многу поголем, а таму се повисоки давачките за водење бизнис“, вели Јовановски.

Ако се погледнат податоците за претходните години, може да се каже дека оваа ќе се вброи меѓу најслабите години по влез на странски инвестиции. Лани во земјава влегоа вкупно 336 милиони евра СДИ, што беше една од подобрите години, но затоа 2010 и 2009 со 160, односно 145 милиони евра, беа катастрофални.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik